Собрание

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

15.11.2025 13:10

Продолжува комисиската расправа за предлог-буџетот за наредната година. Предвидено е државната каса да тежи 6,7 милијарди евра...

Продолжува комисиската расправа за предлог-буџетот за наредната година. Предвидено е државната каса да тежи 6,7 милијарди евра.

Министерката Димитриевска-Кочовска во образложението уверуваше дека со Буџетот се овозможува стабилен економски раст.

Опозицијата критикува за кратење на капиталните проекти. Поднесени се над 100 амандмани.