Кина ги повика своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија
Кина ги повика своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија поради тензиите предизвикани од изјавата на јапонската премиерка дека Токио би можел воено да интервенира за да го одбрани Тајван...

Кина ги повика своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија поради тензиите предизвикани од изјавата на јапонската премиерка дека Токио би можел воено да интервенира за да го одбрани Тајван. Посочуваат дека „јапонските лидери неодамна дадоа отворено провокативни изјави за Тајван, кои сериозно ја нарушија климата помеѓу народите“.
Главниот секретар на јапонската влада, изјави дека Токио „и доставил порака на кина и категорично ја повикал да преземе соодветни мерки“. Но, не прецизираше какви мерки треба да преземе Пекинг.
Кина тврди дека Тајван е дел од нејзината територија и не ја исклучува употребата на сила за да воспостави контрола врз островот, кој се наоѓа само 110 километри од Јапонија.
