„Марш на ангелите“ во Скопје - семејствата на загинатите бараат правда
„Не бараме сочувство, туку сплотеност за правда и фер судење“ – Маршот за ангелите, од кочанските се прелеа на скопските улици со повик до Собранието за надзорна расправа и формирање анкетна комисија за утврдување институционални пропусти…

Со триминутен молк во чест на жртвите од кочанската дискотека почна Маршот на ангелите. „Ако сега не го кренеме гласот, ќе треба засекогаш да молчиме“ – беше порака од семејствата.
Од скопскиот плоштад, до Собранието, ужалените рекоа дека не бараат сочувство туку правда за своите најблиски, затоа што со пожарот изгореа, како што велат, и основните човекови права – правото на живот, на безбедност, на правда.
Протестот продолжи пред Кривичниот суд. Побараа да се утврди зошто институциите затаиле, да се утврди вистината каде се случиле пропустите, кој не реагирал, а имал обврска да спречи ваква трагедија.
Маршот се одржа на четири дена пред стартот на судскиот процес.
Анита Димитријевска – Велковска
