Скопје

50 евра казна за фрлање ѓубре во 22 часот

15.11.2025 16:11

Скопските контејнери се празнат од смет. Но, се воведоа и нови правила за поголема ефикасност. Со 50 евра ќе се казнува фрлање ѓубре од 22 часот до 6 часот наутро. Граѓаните со поделени мислења колку ваквата мерка ќе биде ефикасна, инспекторите прво ќе опоменуваат, а потоа ќе санкционираат.

50 евра казна за фрлање ѓубре навечер. Скопјани не смеат да го изнесуваат сметот по 22 часот сè до 6 часот изутрината, до кога важи забраната. Граѓаните со поделени мислења. Едни сметаат дека одлуката е добра одлука и ќе стави поголем ред, други негодуваат, трети сметаат дека главен предуслов е да се подигне свеста кај народот.

Граѓаните главно реагираат дека ѓубре се фрла и надвор од контејнери, дури и кабаст отпад: душеци, стакла, мебел.

Во Град Скопје очекуваат мерката да придонесе за поголема ефикасност на „Комунална хигиена“, и посочуваат дека во сите поголеми градови, времето за фрлање на сметот е лимитирано.

Инспекторите прво ќе опоменуваат, а потоа и ќе казнуваат.

Сега кантите се делумно чисти. Колку за потсетување, Скопје буквално „се давеше“ во ѓубре, оти комуналните претпријатија не го собираа сметот од улиците.

Паралелно, се продолжи со чистење на скалите и на кејот на реката Вардар, чие корито беше преполно со пластични шишиња.

Борис Грујоски