Се бараат повеќе сензори и современа терапија за лицата со дијабетес
Над 140 илјади луѓе во Македонија живеат со дијабетес. Шеќерната болест ја имаат и 500 деца и адолесценти. Се бара сензорите да бидат достапни за сите со дијабет 1, но и да има современа инсулинска и антидијабетна терапија.

„Кога ми го дијагностицираа дијабетесот бев многу исплашена и не знаев што ме очекува“, раскажува Клементина, на која од пред 9 години сосема и се променил животот. Оттогаш води постојана борба со шеќерната болест.
Околу 500 деца и адолесценти во земјава имаат тип еден дијабетес, тие имаат сензори, но е потребно да се обезбедат за сите кои од имаат потреба од нив, велат од Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија.
Претставници на здруженијата на дијабетичарите имале средба и со претседателката Сиљановска-Давкова. Побарале современа инсулинска и антидијабетна терапија, превентивни прегледи, отворен пазар за лентите и глукомерите.
Ана Јосифоска
