МВР

Расветлен случајот од крушевско објавен на социјални мрежи, обезбедено е лицето, следува соодветна пријава

15.11.2025 19:02

На 14.11.2025 во 13:00 часот во с. Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с. Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје...

На 14.11.2025 во 13:00 часот во с. Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с. Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје, соопштија од МВР.

Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11 – годишен брат.

По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А.ќе биде поднесена соодветна пријава,  се наведува во соопштението.