Здравство

Во пораст кардиоваскуларните и ендокрини заболувања

15.11.2025 19:42

Кардиоваскуларните заболувања на прво место по застапеност во охридскиот регион. Загрижува тоа што се намалува старосната граница. Анализата на Центарот на јавно здравје покажува пораст и на малигните заболувања...

Во пораст кардиоваскуларните заболувања во охридскиот регион. Во 2020 година овие болести биле со стапка од 422, лани се искачиле на 549 на 1.000 жители.

Најпогодени се лицата од 64 до 74 годишна возраст, но загрижува тоа што се намалува старосната граница, кај лица под 55 години.

„Тоа покажува дека ние имаме поместување на границата кон помладите за овие групи на заболување, што не беше така, не би требало да е така. И тоа поместување на границите кон младите ни укажува веројатно дека имаме пропусти во превенцијата на ризик факторите. Тоа значи дека превентивната здравствена заштита, којашто треба да ни е чувар на евеногратите на здравствениот систем, сè уште не ни е поставена на таа потребна, да речеме, добра основа“, вели д-р Даниела Чинговска.

Во пораст се и болестите на ендокриниот систем, најзастапени се дијабетот и заболувањата на тироидната жлезда.

„Она што е веќе познато во светот како причини, голема причина за болеста е стресот, којшто не можеме да го регулираме. (сечи лепи) 40% од заболените го добиваат преку консумирање на цигари, посебно оние коишто почнале од рана возраст. За жал, она што е карактеристично е што веќе многу деца се со дијабет, посебно ако се работи кај дијабет тип 2, тоа се деца кои се со прекумерна телесна тежина‘, вели Димче Каневче од Здружението на лица со дијабет

Анализата на Центарот на јавно здравје покажува пораст и на малигните заболувања, кај мажите најзастапен е карцином на простата а кај жените карционом на дојка. Според лекарите порастот на болестите се должи на затајувањето на примарната превенција.

Соња Рилковска