Прилеп

Печурките исплатлив бизнис, но и опасност по здравјето

16.11.2025 13:33

Два случаи на труење до печурки годинава им го загрози здравјето на берачите. Печуркарството е економски исплатливо, иако годинава помалку, но лекарите и откупувачите со строги препораки: ако не се знаат печурките, никој да не се впушта во непознатото...

Шеесет и петгодишен жител од Долненско деновиве е хоспитализиран во прилепската болница, а потоа е префрлен на лекување во Скопје поради труење со печурки. Ова e втор случај годинава во Прилепско, но со потешка клиничка слика.

Берењето печурки овој период е актуелен. Откупувачите се соочуваат со берачи кои немаат познавања.

Тоде Тодески од Мариовско 40 години бере печурки. Наидува на неискусни берачи кои не ги препознаваат печурките. Има едноставен совет.

Годинава е посиромашна поради изменетите временските прилики и подолготрајната забрана за движење низ шумите поради пожарите, но цените се високи и примамливи.

Печуркарството останува како дејност. Ама внимателноста за здравјето е првенствена.

Елизабета Митреска