Ново жариште во светот
Нови жаришта се отвораат во Африка. Две земји во срцето на континентот се новите сцени на крвави воени злосторства. Во дводневното дивеење на бунтовниците во Централноафриканската република загинале двојно повеќе луѓе отколку што се мислеше, соопшти Амнести интернешнал. Поранешните исламистички бунтовници Селека, со пушки, мачети и камења, во главниот град Банги убија најмалку 1000 христијани, меѓу кои и жени и деца – одмазда за претходен напад на христијанската антибалака милиција, која одејќи врата до врата уби 60 муслимански мажи.

„Соседи се убиваат едни со други. Тие луѓе се познаваат, порано живееја во мир. Но кризата излезе од контрола и сега соседите се колат едни со други“, објаснуваат активистите на Амнести интернешнал.
Се погласни се повиците ОН да испратат своја мисија за да ги спречи верските крвопролевања. Од светската организација се бара ангажман и на друг фронт, во соседен Јужен Судан. Во главниот град Џуба само вчера беа убиени 500 луѓе. Борбите се проширија и во други градови и може да ја запалат целата земја во општа етничка војна.
„Целта им е особено заедницата Нуер. Ако не го зборувате нивниот јазик, ако зборувате на јазикот на Нуер, ќе ве убијат. Не знам зошто владините сили го напаѓаат токму ова племе“, раскажува жител на Џуба.
Властите на Јужен Судан, кој пред две години со референдум се отцепи од Република Судан, се обидуваат со преговори да gi избегнат етничките масакри како тие што земјата ги доживеа во 1991. Сепак, војската постепено ја губи контролата и Обединетите нации кои се веќе стационирани таму се обидуваат да ја задржат под контрола хуманитарната криза.
Ивана Салтировска