Младите подготвени за разговор за менталното здравје, родителите со отпор
Менталното здравје кај младите станува тивка епидемија и најголем предизвик со која се соочува оваа возрасна категорија на лица во денешно време...

Борбата со анксиозност, апатија, булинг, јавната осуда по социјалните медиуми сериозно ја нарушува нивната самодоверба, додека пак другарството е ставено под знак прашалник, младите се поретко се доверуваат меѓу себе, и сè уште се срамат да побараат помош.
Наставниците и стручните служби во училиштата се првите кои ги препознаат овие промени. Младите сè почесто сакаат да зборуваат за менталното здравје, но возрасните се помалку ги слушаат. Проблемот е во соработката со родителите и неприфаќањето на ваквите состојби, велат психолозите.
Менталното здравје кај младите како проблем го посочиле над 400 од околу 700 анкетирани средношколци и студенти, покажа истражувањето на здружението „Про-локал“, кое во следните шест месеци ќе работи на изнаоѓање решенија за овие проблеми, вклучувајќи ги сите засегнати страни.
Александра Максимовска
