Бурата „Клаудија“ однесе три човечки животи во Португалија
Неколку лица загинаа, а десетици се повредени во јужна Португалија по налетот на силното невреме и бурата „Клаудија“ што го погоди регионот...

Неколку лица загинаа, а десетици се повредени во јужна Португалија по налетот на силното невреме и бурата „Клаудија“ што го погоди регионот. Туристички кампови, куќи и објекти се целосно уништени. Спасувачките тимови пронашле тела на постар брачен пар во нивната поплавена куќа во близина на Лисабон.
Во Албуфеира, бурата погодила камп каде загинала британска туристка. Бурата „Клаудија“ денеска зафати и делови од велика Британија и Ирска. Властите спроведуваат евакуации и спасувачки операции.
„Оваа неповолна временска ситуација сè уште не може да се класифицира како торнадо или мини торнадо, но таму каде што помина, се беше уништено. Ги повикуваме луѓето да преземат мерки за самозаштита, бидејќи може да трае уште некој ден, а потоа постепено, ситуацијата ќе се подобрува“, изјави Витор Ваз Пинто, регионален командант на Алгарве.
