Мексико

Најмалку 120 лица повредени на антивладините протести во Мексико Сити

16.11.2025 10:52

Ескалираа антивладините протести во Мексико Сити. Повредени најмалку 120 лица, од кои најголем дел полицајци, а 20 лица се уапсени...

Ескалираа антивладините протести во Мексико Сити. Повредени најмалку 120 лица, од кои најголем дел полицајци, а 20 лица се уапсени. Протестите ги организираше „генерацијата з“ против криминалот, корупцијата и неказнивоста. Толпата демонстранти урнаа делови од бариерата пред националната палата, а полицијата употреби солзавец за да ги растера. Активистите изразија незадоволство и поради убиството на градоначалникот на Уруапан, кој беше застрелан на 1-ви ноември поради неговата борба против нарко-картелите.

„Секој ден сме изложени на несигурноста што постои во Мексико. Некој може да дојде, да ве убие и апсолутно ништо да не се случи. Треба поголема безбедност“, Аризбет Гарсија, демонстрантка.