Бошко Ѓуровски прозиваше во Валенсија

02.09.2014 18:50

Македонската фудбалска репрезентација денеска точно напладне во Валенсија ги отвори подготовките и досието Евро 2016.

Селекторот Бошко Ѓуровски во наредните денови до понеделничкиот квалификациски вовед со Шпанија, ќе ја кова стратегијата за големиот предизвик.

Аријан Адеми поради повреда пропушта уште една шанса за дебитантски настап во нашата селекција. Неговото место го завзема Дарко Велковски, а ќе бидеме без капитенот Бобан Грнчаров и талентираниот Давид Бабунски за кои изненадувачки немаше место на поширокиот список за мечот со Шпанија.

Актуелниот европски шампион се избламира на Мундијалот во Бразил и секако дека ќе бара брза рехабилитација. И Висенте Дел Боске има реновиран и подмладен тим со најсилниот адут напаѓачот Диего Коста кој е подготвен за голови.

Од составот дефинитивно отпаѓа Андрес Иниеста кој има проблеми со коленото, но на негово место Дел Боске не повика нов фудбалер и останува со 22 репрезентативци.