Македонија

Пратениците ќе решаваат дали ќе иницираат надзорна расправа и анкетна комисија за пожарот во „Пулс“

16.11.2025 15:36

Иницијативата дојде на предлог на семејствата на жртвите, кои на маршот на ангелите побараа во Собранието да се расчисти случајот...

Пратениците ќе решаваат дали ќе иницираат надзорна расправа и анкетна комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“. Иницијативата дојде на предлог на семејствата на жртвите, кои на маршот на ангелите побараа во Собранието да се расчисти случајот.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ засега нема став и предупредува трагедијата да не се политизира, додека СДСМ неформално најавува поддршка по внатрешна координација.

Кривичниот суд најавува максимални напори за фер и ефикасно судење. Постапката стартува во среда, со 37 обвинети за тешки дела против општата сигурност