Раст на цените на становите на брегот на Охридското Езеро
Растат цените на становите на брегот на Охридското Езеро. Од 2020-та година до денес цените на недвижностите речиси двојно повисока...

Растат цените на недвижностите на брегот на Охридското Езеро. Најскапи се апартманите прва линија со поглед на езеро. Во центар становите се над 2.000 евра за метар квадратен, а на периферија постарите градби над 1200 евра. Во Струга недвижностите се нијанса поевтини, се движат од 1000 до 1.700 евра за метар квадратен. Цените на куќите се поевтини, особено на периферија.
Кај нас моментално, за просечна плата од 700-800 евра, би рекол се високи, затоа што имаме цени во центар, кои се движат од 2.000 евра, 2.200 е нов убав стан, 2.300-2.500 во строг центар. 0354 Куќите се генерално поевтини, со цена по квадрат помала. Би рекол 50 до 60 проценти помала, вели Александар Трајкоски агент за недвижност.
И покрај тоа што цените растат, расте и интересот за недвижности. Најбарани се викенд станови и апартмани.
„Се скапи, 3.000 евра квадрат и како е тоа. Младите со старите не седат, а мора да купат и што да прават“, вели еден граѓанин.
„Тоа е што да правиме ако има ќе го купиш, ако немаш“, додава друг.
„2000-3000 евра е многу, премногу за Охрид е премногу. Не сме Париз, Лондон“, вели еден охриѓанец.
„Генерално, цената за изработка на еден објект пред пандемијата беше негде околу 350-400 евра на метар квадрат. Сега, тоа е негде 700 до 800 евра реална цена, додава Трајкоски.
Од 2020-та година до денес цената на недвижностите на брегот на Охридското Езеро е речиси двојно повисока. Според добрите познавачи не се очекува намалување.
Соња Рилковска
