Борачите по висок пласман на Мундијалот
Македонските борачи во слободен стил в петок ќе отпатуваат на нов голем настан.
Тројца натпреварувачи ќе бидат дел од Светското Првенство во Узбекистан што е на програмата од 8-14 овој месец во Ташкент.
Дејан Митров, Бобан Данов и Јасин Реџалари денеска имаа прием во Македонскиот Олимписки Комитет.
Селекторот Љуљзим Вранези на располагање ја има тројката која на Медитеранските игри освои бронзени медали, а во оваа силна конкуренција очекува пласмани во потесниот врв.
Основната цел е сепак да се изборат норми за ОИ во Рио и за Европските игри во Азербејџан.

Покрај најискусниот Дејан Митров кој се враќа по повредата и ќе се бори во категоријата до 65 килограми, тука се и двајцата дебитанти на Мундијалите.
Митров и Јасин Реџалари кој е во конкуренција до 61 килограм на душекот треба да се појават на 9-ти септември, додека ден претходно Бобан Данов ќе ја има првата борба на турнирот во категорија до 125 килограми.