Казни и затворени објекти за храна во близина на училишта

16.11.2025 16:49

Под лупа објектите за храна околу училиштата. Изречени 15 забрани за вршење на дејност изречени од агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на 445 инспекциски контроли. Изминативе 10-тина дена засилени контроли, инспекторите на терен. Заплени

Под лупа објектите за храна околу училиштата. Изречени 15 забрани за вршење на дејност изречени од агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на 445 инспекциски контроли.

Изминативе 10-тина дена засилени контроли, инспекторите на терен. Заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности и изречени се и 23 опомени. 77 оператори за храна се здобиле со парична казна од 36.470 евра во денарска противвредност.

Граѓаните велат дека внимаваат од каде купуваат, но има и такви кои воопшто не консумираат храна од сендвичарниците бидејќи сметаат дека не е безбедна.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство додаваат дека тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а седум не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна.

Дел од контролите продолжуваат и во наредните денови најавуваат од агенцијата за храна и ветеринарство, фокусот ќе биде ставен на храната којашто ја консумираат децата.

Ана Јосифоска