Временска прогноза

Променливо облачно со темепература до 19 степени

17.11.2025 08:11

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно...

Наутро по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.

Во Скопје, наутро во делови од котлината со појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер.