Од денеска во Скопје забрана за фрлање смет по 22 часот
Во контролите ќе бидат вклучени сите градски инспектори и комунални редари, кои ќе патролираат низ скопските улици, прво со опомени, па казни за фрлање ѓубре...

Од денеска стартува ноќната забрана за фрлање на сметот по 22 часот. Ќе има 24 часовни контроли за да се воспостави, велат од Град Скопје, ред во управувањето со отпадот и злоупотребите на контејнерите. За непочитувачите на забраната, прво опомена, а потоа 50 евра казна за физичките лица. 1.300 до 1.800 евра за правните субјекти.
Во контролите ќе бидат вклучени сите градски инспектори и комунални редари, кои ќе патролираат низ скопските улици, прво со опомени, па казни за фрлање ѓубре.
Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека мерката е пред сè насочена кон правните субјекти кои, како што тврдат, најчесто го одлагаат отпадот непрописно и во доцните часови.
