Србија

Владата бара решение за санкции за „НИС“

17.11.2025 09:15

Решение за Нафтената индустрија на Србија мора да се донесе во следните седум дена, изјави српскиот претседател Вучиќ САД, воведоа санкции врз рускиот нафтен сектор, вклучувајќи го и „Газпром“ во јануари годинава...

Решение за Нафтената индустрија на Србија мора да се донесе во следните седум дена, изјави српскиот претседател Вучиќ САД, воведоа санкции врз рускиот нафтен сектор, вклучувајќи го и „Газпром“ во јануари годинава. И покрај тоа што беа одложени неколкупати, стапија во сила на 8 октомври.

Поради санкциите насочени кон НИС, протокот на сурова нафта во Србија е во прекин. Имено, како услов, САД бараат компанијата повеќе да не биде во мнозински сопственост на Русија. Руски „Газпром нефт“ поседува речиси 45 проценти, а „Газпром“ 11,3 проценти од акциите во НИС.

Српската влада е сопственик на 29,9 проценти од акциите, а остатокот е во сопственост на акционери и вработени.