Киев: Започнува борба против руската армија
Киев објави дека операцијата против бунтовниците е завршена и сега војската почнува борба против руската армија. Наводно, руски војници биле забележани во поширокиот регион на Доњецк и на Луганск. Москва негира, а шефот на руската дипломатија Лавров изјави дека од претстојната посета на украинскиот претседател Порошенко на САД очекува да види дали западот е или не е заинтересиран за политичко решение.

„Белата куќа објави дека за време на посетата ќе и изрази поддршка на Украина на патот кон демократија, независност и стабилност. Се надевам дека оваа демократија ќе биде следена и во Ирак и во Либија“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Претходно рускиот претседател Путин рече дека ако сака, може да го заземе Киев во рок од две недели. Тензиите ги подгреа одлуката на НАТО да воспостави бази за брза реакција, по што Москва најави промена на воената стратегија. Според последните информации, целосно е разурнат аеродромот во Луганск.