Техеран повеќе не збогатува со ураниум
Иранскиот министер за надворешни работи, изјави дека Техеран повеќе не збогатува ураниум на ниту една локација во земјата...

Иранскиот министер за надворешни работи, изјави дека Техеран повеќе не збогатува ураниум на ниту една локација во земјата.
„Во Иран нема непријавен нуклеарен објект или објект за збогатување ураниум. Сите наши објекти се под заштита и мониторинг на меѓународната агенција за атомска енергија. Нашата порака е јасна, правото на Иран за збогатување, за мирна употреба на нуклеарна технологија, вклучително и збогатување, е неспорно и се надеваме дека меѓународната заедница, вклучувајќи ги и САД, ќе го признаат и ќе разберат дека ова е неотуѓиво право на Иран“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.
Ова е најдиректниот одговор од иранската влада во врска со нуклеарната програма досега, откако Израел и САД нападнаа објекти низ целата земја во јуни годинава.
