Украина

Киев ќе увезува природен гас од Грција

17.11.2025 09:05

Украина потпиша договор за увоз на природен гас од Грција. Земјата се подготвува да го замени домашното производство на гас попречено од руските напади...

Украина потпиша договор за увоз на природен гас од Грција. Земјата се подготвува да го замени домашното производство на гас попречено од руските напади врз клучната енергетска инфраструктура пред зимата. Првите испораки ќе почнат во јануари.

Договорот постигнат со Атина, исто така, вклучува транзит на американски течен природен гас, користејќи ја инфраструктурата на медитеранската земја.

„Испораките на гас ќе почнат веќе во јануари и важно е нашите договори да бидат имплементирани во првиот квартал. Постигнавме билатерални договори и сме многу благодарни на американските компании, Министерството за енергетика на САД и на претседателот Трамп, за фактот дека ќе можеме да добиваме природен гас не само од Грција, туку и преку Грција“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Од Атина, Зеленски отпатува во Париз. За денеска е договорена средба со претседателот Макрон за зајакнување на одбраната на Украина пред зимата.