САД

Трамп ја смирува реториката за Мамдани

17.11.2025 09:16

Трамп со месеци го критикува Мамдани, па дури се закани дека ќе го депортира во родната Уганда и дека ќе повлече федерални пари од градот...

Претседателот на САД посочи дека планира да се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Мамдани, и навести попуштање на односите. Трамп со месеци го критикува Мамдани, па дури се закани дека ќе го депортира во родната Уганда и дека ќе повлече федерални пари од градот.

„Градоначалникот на Њујорк, ќе кажам, би сакал да се сретне со нас и да договориме нешто. Но, тој би сакал да дојде во Вашингтон и да се сретнеме. Сакаме да видиме дека сè ќе функционира добро за Њујорк“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

За време на кампањата, Трамп постојано го нарекуваше демократот Мамдани „комунист“ и предупредуваше дека неговиот избор ќе биде катастрофален за статусот на Њујорк како светска финансиска престолнина.