Руско-украински конфликт

Интензивни руски напади на украинска територија

17.11.2025 10:49

Интензивни руски напади на украинска територија и изминатото деноноќие. Зелеснки денеска во Париз ќе се обиде да издејствува поголема воена поддршка пред зимата. Вчера во Грција потпиша договор за увоз на природен гас откако домашното производство беше попречено од руските гранатирања. Во меѓувреме, американскиот претседател објави дека републиканците во конгресот подготвуваат закон со кој ќе се воведат санкции врз сите земји што соработуваат со Русија...

Продолжуваат руските воздушни напади врз украинските градови. Жртви и повредени во Харков. На удар и енергетските и пристанишните инфраструктурни објекти и Одеса. Украинскиот претседател е во европска турнеја во обид да ја зајакне поддршката пред зимата. Зеленски потпиша договор за увоз на природен гас од Грција откако домашното производство е попречено поради руските гранатирања. Договорот исто така, вклучува транзит на американски течен природен гас, користејќи ја инфраструктурата на медитеранската земја.

„Испораките на гас ќе почнат веќе во јануари и важно е нашите договори да бидат имплементирани во првиот квартал. Постигнавме билатерални договори и сме многу благодарни на американските компании, Министерството за енергетика на САД и на претседателот Трамп, за фактот дека ќе можеме да добиваме природен гас не само од Грција, туку и преку Грција“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

„Ова ќе ѝ даде на Украина непосреден пристап до разновидни и сигурни извори на енергија, додека Грција станува центар за снабдување за централна и источна Европа со американски течен природен гас“, изјави Киријакос Мицотакис, премиер на Грција.

Американскиот претседател објави дека републиканците во Конгресот подготвуваат закон со кој ќе се воведат санкции врз сите земји што соработуваат со Русија. Трамп додаде дека новите мерки би можеле да се однесуваат и на Техеран, клучен сојузник на Москва. Годинава, Вашингтон воведе и 50 насто царини за стоки од Индија, еден од најголемите увозници на руска нафта.

„Републиканците воведуваат закони – многу строги. Тоа е санкционирање за секоја земја што соработува со Русија. Тие може да го додадат Иран на тоа, како што знаете, јас го предложив. Значи, секоја земја што соработува со Русија ќе биде многу строго санкционирана“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Украина нема шанси да добие војната со Русија, а продолжувањето на финансиската помош ја убива ЕУ економски и финансиски, изјави унгарскиот премиер Орбан, кој неодамна лобираше за исклучоци од американските енергетски ограничувања.

 

Маријана Димовска