Тензиите САД-Венецуела продолжуваат
Носачот на авиони „Џералд Форд“ исплови од Сплит и вплови во Карипско Море. Прераспределбата на мисијата доаѓа паралелно со тековната кампања на САД за напади врз бродови за кои постои сомневање дека транспортираат наркотици во Соединетите Држави...

Тензиите САД-Венецуела продолжуваат. Носачот на авиони „Џералд Форд“ исплови од Сплит и вплови во Карипско Море. Прераспределбата на мисијата доаѓа паралелно со тековната кампања на САД за напади врз бродови за кои постои сомневање дека транспортираат наркотици во Соединетите Држави.
Во меѓувреме, протече класифициран меморандум на Министерството за правда на САД со кој се одобруваат воени напади врз бродови за криумчарење на дрога. Фентанилот е една од многуте точки во меморандумот со кој се оправдува употребата на воена сила.
Администрацијата на претседателот Трамп го обвини венецуелскиот претседател Мадуро за државна поддршка на мрежите за криумчарење. Шефот на Белата Куќа сепак смирува, подготвен е за разговори со Каракас.
