Македонија
Водата во Скопје е безбедна за пиење
17.11.2025 12:52
Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.11.2025 до 14.11.2025 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.11.2025 до 14.11.2025 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.
