МВР

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со 143 км на час

17.11.2025 11:52

На експресниот пат Лозово-Велес, во близина на крстосница за село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Ј.(45) од Штип...

Вчера во 11:45 часот на експресниот пат Лозово-Велес, во близина на крстосница за село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Ј.(45) од Штип. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „Бентли“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 143 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час.

Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.