Јолевски: Македонија останува посветена на членството во НАТО
Министерот за одбрана Зоран Јолевски е во работна посета на Велика Британија. Во Лондон одвоени средби со членови на британскиот парламент, со поранешниот министер за одбрана на Обединетото Кралство Лијам Фокс.
Во фокусот на разговорите македонските евроатлантски аспирации и претстојниот самит на НАТО во Кардиф.

„За Република Македонија е многу значајно добивањето на покана за челенство во НАТО и дека Република Македонија останува посветена на остварувањето на оваа цел, иако, како што и е познато на јавноста, овој самит нема да биде самит на проширување. Ова е посета на Лондон во функција на запознавање на нашите партнери со тоа што ние правиме, но и да побараме поддршка за нашите апспирации да се вклучиме во НАТО“, вели министерот за одбрана, Зоран Јолевски.