Локални избори
На 11-ти јануари локални избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
17.11.2025 12:21
Во овие општини, на првиот круг од локалните избори на 19-ти октомври, немаше доволен број излезени граѓани за да се исполни законскиот цензус.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ги распиша повторените локални избори за четири општини, кои ќе се одржат на 11-ти јануари.
Повторувањето на изборите се однесува на општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Во овие општини, на првиот круг од локалните избори на 19-ти октомври, немаше доволен број излезени граѓани за да се исполни законскиот цензус.
На денешната седница закажана за 13 часот, ДИК треба да ги започне подготовките за спроведување на повтореното гласање во наведените четири општини.
