Животна средина

Скопје повторно урива рекордни по аерозагадување

17.11.2025 16:44

Како паѓа температурата, така расте аерозагадувањето. Мерните инструменти веќе почнаа да регистрираат зголемени вредности на штетните честички во воздухот. Синоќа во делови од Скопје, дозволената граница беше неколкупати надмината...

Скопје повторно урива рекордни по аерозагадување. Како се намалува температурата, така и скопјани се повеќе дишат загаден воздух, а мерните станици веќе да го покажуваат тоа. Миризба се чувствува особено во вечерните часови, се жалат граѓаните.

Сликата се повторува секоја година, вели екологистот Кирил Ристовски. Според него потребен е заеднички ангажман на сите чинители во општеството.

Ристовски додава дека има повеќе фактори што го загадуваат амбиенталниот воздух, но најголем се индивидуалните домаќинства.

Како се намалуваат температурите за жал се повеќе се актуализира темата со загадениот воздух. Останува да се надеваме дека оваа година ќе се донесат мерки со што ќе се ублажи загаденоста и дека нема да остане како на претходните години да се надеваме да дувне ветар за да се расчисти воздухот.

Ана Јосифоска