Расте преработувачката индустрија
Преработувачката индустрија на овошје и зеленчук го зголемува производството. Лани извозот од 45 индустриски капацитети тежеше скоро 44 илјади тони...

Од 45 преработувачки капацитети лани биле откупени скоро 74 илјади тони суровина за преработка, а извезени 44 илјади, што е рекорд во оваа гранка.
За ова придонесе Државата со финансиска буџетска поддршка за предаденото градинарско и овошно производство во конзервната индустрија.
Се поедноставува и постапката за добивањето на кредити за нови капацитети, за проширување на постоечките и за нивна модернизација.
Според асоцијацијата на преработувачите, македонските производи имаат добара побарувачка кај купувачите од странство.
Најголем е пазарот во Европската унија, со строги безбедносни критериуми за храната.
Овој пораст е ограничен поради проблемите на организиран пласман и стандардизиран квалитет на производите.
Методија Трајков
