Економија

Различни ставови за минималната плата

17.11.2025 17:11

ССМ бара повисок минималец за работниците да не избегаат, компаниите предупредуваат дека ќе бараат поевтин кадар однадвор. Власта категорична, без договор ќе се применува постојната формула за пресметка …

Владата е отворена за дијалог, но додека социјалните партнери не се договорат, ќе важи постојната формула за пресметување на минималната плата.

Од ССМ остануваат на ставот дека платите мора да растат веднаш, а не во март в година, оти инфлацијата си го прави своето.

Стопанството пак, вели дека се прави се за платите да растат, а не само да бегаат работниците во странство, но бизнисмените предупредуваат да не се претерува со барањата зашто веќе се принудени да бараат кадар однадвор.

Според податоците на Сојузот на синдикати, примања под 500 евра во земјава имаат речиси 170.000 работници.

И додека се кршат копјата за минималец, Владата работи да се прецизира просечната потрошувачка кошница, како пандан на синдикалната.

 

Борис Грујоски