Сиљановска- Давкова гледа маратон со пречки на патот кон ЕУ
Извештајот за напредокот не говори само за евалуираниот, туку и за евалуаторот. Претседателката Сиљановска-Давкова гледа маратон со пречки кои другите држави ги немаат. Власта препозна отпор кон проширувањето, опозицијата назадување во реформите…

Шеснаесет години добиваме извештаи и препораки за почеток на преговорите, но тапкаме во место. Пред бугарското вето беше ветото од Франција за новата методологија, оти ЕУ има двојни стандарди за проширувањето со кандидатите, порачаа од седницата на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања.
Евроамбасадорот како најслаба оценка го посочи судството. За да има напредок во следниот извештај мора да се да обезбедат независно судство и обвинителство, избор на нов народен правобранител и претседател на Антикорупциската комисија. Пораката е примена и ќе работиме на реформите, рече министерот за европски прашања.
Власта и опозицијата со различни мислења. Едните гледаат отпор кон проширувањето кај дел од земјите – членки на ЕУ, другите сметаат дека Македонија назадува со реформите и се соочува да ѝ бидат поставени и нови услови.
Пратениците и на оваа седница покажаа поларизација, не можат да се обединат за потребните реформи за евроинтеграција.
Ирина Гелевска
