Трагедија

Во среда почнува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

17.11.2025 16:39

Сите очи неделава ќе бидат вперени кон големата судница во затворот „Идризово“. В среда почнува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Иако власта вели дека прави се што е во нејзина моќ за да ја ублажи болката на погодените од трагедијата, засега нема најава дека ќе се прифати барањето за формирање анкетна комисија во Собранието.

Владата со поддршка за барањата на Здружението на родители на загинатите од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ за исплата на еднократна парична помош. Премиерот Мицкоски дециден дека се прави се за да им се помогне на фамилиите на 63-цата загинати во трагедија.

За второто барање на родителите да се формира анкетна комисија но и надзорна расправа за пожарот во дискотеката „Пулс“, од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, велат дека засега немаат разговарано на темата, но и дека не сакаат да ја политизираат. Според пратеникот ковачки сега на ред се обвинителите и судиите.

Судењето ќе се одржи во судницата „Идризово“. Врз Кривичниот суд ќе падне најголемиот товар да го организира судењето.

Минатата недела правосудните органи тврдеа оти ќе обезбедат фер, правична и транспарентна постапка за сите вклучени. Претседателката на Кривичен, Димевска, апелираше до медиумите кои ќе бидат очите и ушите на јавноста – да не се водат од сензационалност.

Јавниот обвинител Коцевски, информираше дека е проширен обвинителскиот тим за да не се дозволи да се одложуваат рочиштата. Предметот ќе го застапуваат 15 обвинители. Државниот обвинител посочи и дека доказниот материјал е обемен.

 

Викторија Милевска