По скандалот со ИПАРД, Платежната агенција доби нов
Платежната агенција доби нов директор, откако претходниот заврши во притвор поради сомнеж за злоупотреба на пари од ИПАРД програмата. Во тек се проверки за распределбата на средствата, кои ќе траат во следниот период за да може да се одблокираат парите.
Елизабета Митреска

Почнаа дополнителните проверки за ИПАРД 3 програмата по злоупотребите во Платежната агенција. Потоа, Владата, која ги блокираше, ќе ги деблокира средства, изјави во Прилеп министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Дел средства од седумгодишната програма од 128 милиона евра се потрошени зашто трае од 2021-ва до 2027-ма година.
Проверките на процесот треба да ја симнат вознемиреноста кај земјоделците. Тоа и назначувањето нов директор на Агенцијата.
Земјоделците не треба да стравуваат за субвенциите. А, тутунарите од утре го почнуваат откупот на годинашнава реколта. На 34 откупни пункта почнува прилепскиот тутунски комбинат кој треба да преземе 2.300 тони тутун и ќе плаќа двапати неделно. Деновиве со откуп ќе почнат уште 9 компании, а инспекторатот ќе биде на терен. Годинашнава реколта се цени од 22 до 24.000 тони.
Елизабета Митреска
