Виенски економски форум

Николоски: Стартуваме стратешки проекти на коридорите, Европа е наш партнер во реализација

17.11.2025 20:37

Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот Николоски на панел-дискусијата на економскиот форум во Виена...

Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни Коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот Николоски на панел-дискусијата на економскиот форум во Виена.

Презентирајќи ги капиталните проекти, тој потенцираше дека во Македонија се работи на изградба на нови автопати на Коридор 8, на граничните премини како и на модернизација на автопатскиот Коридор 10.

Исто така истакна, предизвик е развојот на железничката мрежа преку изградба на брзата пруга на Коридор 10 која ќе има силно влијание врз меѓународниот транспорт. Во својот говор зборуваше и за железничкото поврзување со Бугарија на Коридор 8 како и за плановите за железничко поврзување со Албанија.