Македонија

Два авиона кружат над Скопје, не можат да слетаат поради силен ветер - други два пренасочени кон Пиштина

17.11.2025 20:17

Два вечерни лета на „Виз ер“ кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување.

Два вечерни лета на „Виз ер“ кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Полетувањата од Берлин и Ајндховен, со рути W64740 и W64716, околу 18:20 и 18:50 часот добиле насока да продолжат кон аеродромот во Приштина.

Причината за неможноста да слетаат на аеродромот во Скопје, како што попладнево соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), е силниот јужен ветер кој го зафатил Скопскиот Регион.

Други два авиони, пак, во моментов кружат над скопското небо и чекаат насоки за слетување.

„Два авиони се пренасочени за слетување кон аеродромот во Приштина, додека други два сè уште кружат и чекаат насоки за слетување“, информираат од ДЗС.

Според информациите, ветрот дува на поголема височина, поради што е отежнато слетувањето на авионите.