Временска прогноза
Облачно со повремени врнежи од дожд
18.11.2025 08:09
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Температурите ќе се движат во интервал од 6 до 18 степени. Минималните ќе се спуштаат до 6, а максималните ќе достигнуваат и до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер.
