Образование

Јаневска ќе се обрати на конференција на тема „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“

18.11.2025 08:26

Конференцијата е во организација на Стопанската комора на Македонија и проектот „Образование за вработување во Македонија“ финансиран од амбасадата на Швајцарија...

Денеска министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска ќе се обрати на конференција на тема „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“.

Конференцијата е во организација на Стопанската комора на Македонија и проектот „Образование за вработување во Македонија“ финансиран од амбасадата на Швајцарија.