Пратениците од СДСМ ќе поднесат предлог за формирање анкетна комисија за испитување на трагедијата во „Пулс“
Пратениците на СДСМ и коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“...

СДСМ за денеска најави поднесување до Собранието предлог за надзорна расправа и формирање анкетна комисија за испитување на трагедијата во „Пулс“. Одлуката е донесена во координација на пратеничката група и раководството на партијата, објави претседателот на СДСМ Венко Филипче на својот фејсбук-профил.
Пратениците на СДСМ и коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“.
Ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат.
Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското собрание, стои во објавата на претседателот на СДСМ.
