Украина

Зеленски ја продолжува европската турнеја, на фронтот битките продолжуваат

18.11.2025 08:34

Русија продолжува со напади, Украина возвраќа во Доњецк. Оштетени се две термоелектрани.

Зеленски ја продолжува европската турнеја во Шпанија по договорот со Франција за испорака на борбени авиони „Рафал“, системи за воздушна одбрана и ракети. Русија продолжува со напади, Украина возвраќа во Доњецк. Оштетени се две термоелектрани.

Во истовреме, ЕУ предлага грант од 90 милијарди евра за Киев, но Унгарија се спротивставува.Московските медиуми објавија дека група атентатори ангажирани од украинските разузнавачки служби, се обиделе да извршат атентат врз секретарот на рускиот совет за безбедност, Сергеј Шојгу.

Советот за безбедност на ОН в четврток ќе заседава за Украина.