Собрание

Комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026

18.11.2025 09:27

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање, на која ќе ги разгледува поднесените над 200 амандмани...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет треба да почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање на која ќе се разгледуваат поднесените над 200 амандмани.

На општата расправа која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство истакнаа дека предложениот буџет е реален и развоен и се очекува економски раст и силна реализација на проектите и приходите.

Опозициските пратеници, пак, сметаат дека буџетот е нереален, неразвоен и социјален и нема да го подобри стандардот на граѓаните. Критикуваа дека ќе го зголеми јавниот долг и оти се намалени капиталните инвестиции. Со Предлог-буџетот за 2026 економскиот раст е проектиран на 3,8 насто, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Предлог – буџетот за в година, тежок рекордни 6,7 милијарди евра.