Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул во посета на земјава
Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул денеска попладне доаѓа во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од регионот на Западен Балкан...

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул денеска попладне доаѓа во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од регионот на Западен Балкан.
Како што е најавено, Вадефул ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е предвидено да се одржи билатерална средба на двете делегации.
Шефот на германската дипломатија, тридневната турнеја низ земјите од Западен Балкан ја почна во неделата од Сараево, а вчера престојуваше во Белград, каде оствари средби со претседателот на земјата, Александар Вучиќ си министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, како и со претставници на невладини организации.
Вадефул претходно Црна Гора и Албанија. Во Црна Гора разговараше со премиерот Милојко Спајиќ и министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ. Во Албанија, вчера попладне, се сретна со министерката за надворешни работи Елиса Спиропали и со шефот на Специјалното државно обвинителство за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризам.
Шефот на германската дипломатија во Скопје доаѓа од Приштина, каде што се сретна со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германски војници во мисијата КФОР.
