Либан

ОН реагираа на инцидентот во Јужен Либан

18.11.2025 09:21

Мисијата оцени дека инцидентот ја загрозува регионалната стабилност во регионот...

ОН реагираа на инцидентот во Јужен Либан, каде израелски сили отворија оган кон мировници на УНИФИЛ за време на најавена патрола, при што истрелите паднале на околу 5 метри од нив. Мисијата оцени дека инцидентот ја загрозува регионалната стабилност во регионот.

„Секој напад врз мировниците е неприфатлив. Тој ја става во опасност стабилноста што Либан и Израел се обврзаа да ја обноват и ги спречува мировниците да ја вршат својата работа за враќање на стабилноста на Сината линија и во регионот“, изјави Кандис Ардиел, заменик-портпаролка на УНИФИЛ.

УНИФИЛ тврди дека Израел од ноември зазема дел од либанска територија и гради ѕид кој ја преминува Сината линија и го крши суверенитетот на Либан, додека Израел негира и тврди дека ѕидот е на нивна територија.