Венецуела

Мадуро со одговор до Трамп: Отворен сум за дијалог

18.11.2025 11:03

Тој му одговори на Трамп дека е отворен за дијалог, но не и за „бомбардирање и насилство“, откако американскиот лидер изјави дека воената опција останува на маса, но и дека е подготвен за разговори со Каракас...

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро обвини дека зголеменото американско воено присуство и напади врз бродови се обид да се собори од власт. Тој му одговори на Трамп дека е отворен за дијалог, но не и за „бомбардирање и насилство“, откако американскиот лидер изјави дека воената опција останува на маса, но и дека е подготвен за разговори со Каракас.

„Оваа земја е во мир и ќе продолжи да биде. А, секој што сака да разговара со Венецуела од САД, ќе може да го стори тоа, лице в лице, без никаков проблем. Она што не може да се дозволи, е бомбардирањето и масакрот врз христијанскиот народ на Венецуела“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.