Месна индустрија

Нема пад на продажбата на месо, Екстра Меин сeуште затворена

03.09.2014 10:18

Да се купува проверено и од домашни производители, порачуваат технолозите за храна. Во фабриките се вршат редовни контроли по сите стандарди, па населението не ја намали потрошувачката на месо. Инаку, фабриката Eкстра Mеин во Kуманово, која беше посочена како извор на бактеријата листерија се уште е под клуч...

Не е намалена продажбата на свинското месо и преработките од него, откако пред околу еден месец беше откриено присуство на бактеријата листерија во одредени сувомесни производи. Граѓаните покрај пилешкото, редовно консумираат и свинско месо и велат дека веруваат во квалитетот што се нуди на пазарот.

„Пазариме, секојдновневно купуваме месо и тоа најчесто свинско... Имаме дилема при купување, дали да земеме сувомесно или не, едноставно не јаде мисла дали е исправно... Еве само што купив за ручек, одбрав свежно месо мислам дека е подобро отколку сувомесното...“, велат граѓаните кои пазареа во месарниците.

Нема пад ниту на обемот на производтвото во фабриките. Од кумановсите капацитети за прерароботка месо велат дека производите се контролираат по сите стандарди, а како сировина користат добиток од контролирани фармери. Порачуваат да се купува домашно месо од проверени брендови.

„Лошо што граѓаните одбираат според цена, да е поевтино. Факт е дека има странски производи кои се со пониска цена, но препорачувам да се купува македонско“, вели Милена Костовска, технолог за храна во една кумановска фабрика за преработка на месни производи.

Инаку во фабриката Екстра Меин се уште важи времената забрана за производство. Овој бренд на пазарот е присутен повеќе од две децении со околу 60 различни производи преработени претежно од свинско месо.

Стастиката покажува  дека просечниот Македонец јаде по 10 килограми годишно свинско месо, а бројот на свињи во 2013-та бил зголемен за 10 отсто во однос на претходната година.

 

Габриела Димковиќ