Нигерија
Вооружени лица киднапираа 25 ученички од интернат во Нигерија
18.11.2025 09:47
Напаѓачите размениле оган со обезбедувањето и побегнале, а полицијата трага по нив...

Вооружени напаѓачи киднапираа 25 ученички од интернат во северозападна Нигерија, при што еден вработен е убиен, а друг повреден. Напаѓачите размениле оган со обезбедувањето и побегнале, а полицијата трага по нив.
Ниту една група досега не презеде одговорност.
