Продолжува постапката за избор на претседател на Антикорупциската комисија
Комисијата пред одржувањето на локалните избори констатираше дека 10 од пријавените 12 кандидати за претседател на ДКСК ги исполнуваат условите...

Во Собранието почна интервјуирањето на 10-те кандидати кои ги исполнуваат условите за нов претседател на Комисијата за спречување на корупцијата.
Денеска пред членовите на Комисијата за селекција своите приоритети ќе ги претстават петмина кандидати, а утре преостанатите пет.
Постапката беше стопирана поради локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на Антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, која е осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“.
Според процедурата, Комисијата за селекција, составена од седум члена, во рок од три дена по интервјуата треба да утврди ранг-листа која се доставува до Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која пак во рок од два дена, најдобро рангираните кандидати му ги предлага на Собранието во единствена предлог-листа.
