Статистика

За 10,4% зголемен откупот и продажбата на земјоделските производи во третиот квартал од 2025

18.11.2025 12:24

Во третото тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12 проценти...

Откупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година изнесува 5,2 милијарда денари што е зголемување за 10,4 проценти во однос на истиот период лани, соопштува Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство зголемување за 8,8 проценти.